Вести Економија

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 3,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 за 4 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари, литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 86 денари, дизелот за 80,50 денари за литар, а ЕЛ-1 за 79,50 денари.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 3,932 денари за килограм и новата ќе изнесува 42,291 денари за килограм.

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61 процент во однос на одлуката од 15. месецов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Книжевна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб за Снежана Младеновска-Анѓелков и Игор Анѓелков

Дејан Дејан

Најмалку 13 загинати и 66 повредени – голема експлозија во Катар

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе