Вести Македонија Топ вести

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Голем број граѓани денеска се собраа на протест организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ под слоганот „Не за нова дозвола на Усје по стари правила“. Со транспаренти, свирежи и извици „Стоп за Усје“, демонстрантите маршираа од Жена парк до Министерството за животна средина и просторно планирање, барајќи построги еколошки стандарди и поголема заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Протестот беше организиран поради барањето на Цементарницата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола. Од иницијативата сметаат дека не смее да се дозволи продолжување на дозволата според, како што велат, застарени стандарди за загадување и побараа надлежното министерство да ги повика на разговор и да ги сослуша нивните барања.

Од Цементарница Усје, пак, велат дека постапката за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола се спроведува согласно важечката законска регулатива и дека сите документи се јавно достапни за увид.

„ТИТАН Усје строго ги почитува сите обврски што произлегуваат од важечката регулатива и останува целосно посветена на усогласување со сите идни законски решенија што ќе стапат во сила. Резултатите од редовните и контролните мерења потврдуваат дека сите параметри се во рамки на законски пропишаните вредности, при што дел од нив континуирано се повеќекратно пониски од максимално дозволените лимити“, велат од „Титан Усје“.

Учесниците на протестот порачаа дека ќе продолжат да ја следат постапката и очекуваат институциите транспарентно да ги разгледаат нивните барања пред да донесат конечна одлука.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе