Еден леб се фактурирал на одредена институција по 136 денари, наместо килограм леб се фактурира еден леб, откри Максим Ацевски, главен државен ревизор, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. Извештајот најави дека наскоро ќе биде објавен во јавноста.
„Зборуваме за она што значи корпоративно управување и корпоративна одговорност, дали треба да се доведеме како приватни стопанственици да живееме на грбот на државата, да земаме од државата или од најчувствителната популација во општествоото, а тоа се студентите. И вие да наплаќате на таков начин одредени услуги кои што ги давате на студентските домови е навистина жалосно“, потенцира Ацевски.
С.Д.
