Вести Македонија Топ вести

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Има граѓани кои сакаат да ја изиграат државата и да земаат извори на финансирање од различни институции, нагласи Максим Ацевски, главен државен ревизор, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Во ревизорски извештај констатиравме дека за една година, 259 лица злоупотребиле 18.457.000 милиони денари, поради тоа што земале по различни основи. Класичен пример, земате пензија, во исто време земате социјална помош. Зошто? – Поради тоа што дел од администрацијата, вработени во Центарот за социјална работа не успеале или не сакале да погледнат и да ги проверат кои што се јавно достапни помеѓу Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во самите центри за социјална работа“, изјави Ацевски.

Ревизорската активност, додаде тој, се темелела на впарување на податоците.

„Дадовме препораки до самите центри за социјална работа да преземат активности, да издадат решенија за поврат на средствата. Но, во исто време известени се надлежните органи да постапат и преземат мерки и активност за понатамошно постапување. Она што не можам да го разберам како главен државен ревизор е зошто досега не се преземени одредени активности за оние лица кои што се работно способни, а се приматели на социјална помош, да не бидат ангажирани за општествено корисна работа“, посочи Ацевски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – порака од протестот на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе