Холандија ја декласираше Шведска со 5-1 во 2.коло од групата Ф на Светското фудбалско првенство 2026 година. „Лалињата“ во Далас му одржаа лекција на европскиот ривал и ја запишаа првата победа на турнирот откако во премиерниот натпревар, во финишот испуштија победа против Јапонија и ремизираа 2-2.
Брајан Броби со два гола во 5-тата и 17-тата минута ја доведе Холандија во водство од 2-0. „Лалињата“ повторно имаа фуриозен старт на второто полувреме, бидејќи Коди Гакпо реализираше два пати во 47-та и 54-тата минута. Ентони Еланга само што влезе во игра успеа да намали на 4-1 во 59-тата минута, а Самервил го постави конечниот резултат 5-1.
Интересно е тоа што Шведска во првото коло го победи Тунис со 5-1, а сега со идентичен резултат загуби од Холандија.
Во последното коло, Холанѓаните ќе се соочат со Тунис, додека Шведска игра против Јапонија.
