Вести Македонија

Костадиновски: Имаме огромен суфицит на неказнивост, а дефицит на одговорност, неказнивоста царува во нашата држава

Имаме огромен суфицит на неказнивост, а дефицит на одговорност, рече претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Неказнивоста царува во нашата држава“, истакна Костадиновски.

Тој нагласи дека Уставниот суд донесе одлука со која изрази сериозен сомнеж во уставноста на измените и дополнувањата на Изборниот законик.

„Тој закон има направено непоправлива штета на нашиот правен поредок. Штетата што тој закон ја создаде не може да се поправи. Тој закон, тие измени и дополнувања на законот, овозможија, бидејќи тоа кривично дело 353 се однесува само на функционери. Значи, не може обичен граѓанин да го стори тоа кривично дело, неказнивоста во таа категорија на граѓани да продолжи, значи бројките на неказнивост само да се зголемуваат“, рече Костадиновски.

Уставниот суд, додаде Костадиновски, му даде рок од шест месеци на собранието за преиспитување на соодветните одредби. Во спротивно, судот предупреди дека ќе донесе конечна одлука дали да ги укине, односно сите пресуди врз основа на тие одредби ќе престанат да важат, а соодветните предмети треба повторно да се покренат или да ги поништи, а од денот на поништување ќе се применува претходниот законик.

„Рокот од шесте месеци истече во август. Имавме разбирање како суд за изборниот процес, бидејќи вакви крупни работи не е соодветно да се прават. Но, изборите завршија. Ние како суд, односно јас како претседател, сум должен да го чувам кредибилитетот на Уставниот суд. Ние не можеме до недоглед да му дозволуваме на собранието да продолжува со една пракса на уставна недисциплинираност. Собранието е должно, ако го почитува Уставот, а должно е да го почитува, е да ги почитува и нашите одлуки, бидејќи нашите одлуки по сила на Уставот се конечни, извршни и општо задолжителни. Но собранието до овој момент го нема сторено тоа“, вели Костадиновски.

Хипотетички, дополни Костадиновски, „ако Уставниот суд на наредната седница го стави и одлучи за овој предмет, ние, како Уставен суд, ќе станеме исти како доносителите на тие измени, затоа што штетите што ќе се предизвикаат од нашата одлука ќе бидат со уште понесогледливи последици.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ го осудува попречувањето на новинарска екипа во Тетово и бара итна истрага

Дејан Дејан

Мицкоски ги објави деталите за владината реконструкција: Здравство и Социјална политика се враќаат кај ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Граѓаните револтирани од хаосот во Центарот за вработување во Тетово – со часови чекаат да аплицираат за мерките за вработување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе