А денеска треба да биде објавена и пресудата против Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи, обвинети за создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата Вардариште. Тројцата обвинети на претходното рочиште ја признаа вината за кривичното дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Според обвинението, тие од 2020 до септември 2025 година нелегално откупувале старо железо и друг отпад без дозвола, при што непрописно го складирале и транспортирале отпадот, создавајќи диви депонии. Пожарот што избувна на дел од локацијата дополнително го привлече вниманието на надлежните институции. За ова дело е предвидена казна затвор од три месеци до три години.
Денеска пресуда за дивите депонии во Вардариште
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
