Вести Македонија

Потребна е подобра превенција и брза дијагностика за рак на дојка

Недостиг од термини за биопсија и патологија и упатување на пациентите најпрво на хирургија, наместо во координација со онколозите да се изготви план за понатамошно лекување – тоа се најголемите проблеми со кои се соочуваат заболените од рак на дојка во Македонија.

На ова предупредија од здружението ХЕМА-ОНКО, кои денеска на Клиниката за онкологија организираа заеднички појадок со онколошките пациенти и разговор за полесно надминување на тешкотиите во лекувањето, по повод розевиот месец посветен на борбата против рак на дојка.

  • „70% од рано дијагностицираните пациенти своите испитувања ги прават приватно. Тоа сметам дека е пораз за здравствениот систем. Премногу долго се чека за термини за биопсија и патологија на државните институции“, изјави Ана Марјановиќ, здружение ХЕМА-ОНКО.
  • „Ние ги разбираме пациентите. Прво е недоволно познавање на болеста и на протоколите. Затоа мислат дека ако го решат проблемот со операција толку е. Меѓутоа тоа не е така. Всушност тогаш почнува се, а особено лекувањето“, изјави Милица Кузмановска, здружение ХЕМА-ОНКО.

На настанот зборуваше и онколошката пациентка Тереза Балаловска, која шест години се лекува на Онкологија и денес е на биолошка терапија.

  • „Моето патешествие овде низ лекувањето започна кон крајот на 2019 година. После хируршка интервенција се лекував на Онкологија. Поминав осум хемотерапии, па после тоа продолжена таблетарна терапија и сега сум добра“, раскажа Тереза Балаловска, онколошки пациент.

Здружението ХЕМА-ОНКО апелира на редовни превентивни прегледи, особено кај жените над 50 години. А исто така и предупредија дека многу важно е да се води здрав живот.

  • „Една мамографија годишно или на две години мора да има. Треба да се смени начинот на размислување, а особено за оние жени над 55 години кои сметаат дека тоа не им треба“, порача Милица Пецова, здружение ХЕМА-ОНКО.

Само оваа година во земјава се регистрирани 1.200 нови пациенти со рак на дојка, а бројката расте од година во година.

Тамара Марковска

Дигитална обработка: Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе