Вести Свет

Француската влада под притисок да воведе данок на богатство за излез од кризата

Француската влада е под притисок да воведе нови даноци за најбогатите граѓани, во обид да го стабилизира буџетот и да избегне политички колапс.

Премиерот Себастијан Лекорну разгледува мерки кои би ги таргетирале ултрабогатите, откако социјалистите и десничарите го условија со поддршка само доколку се воведе „даночна правда“.

Главна тема е предложениот „данок на Зукман“ – кој предвидува 2% данок на богатство над 100 милиони евра.

Бизнис заедницата предупредува дека ваквите мерки може да ја ослабнат конкурентноста на Франција и да доведат до одлив на капитал.

Против воведување на данокот се изјаснија индустриските лидери.

Дел од предложените алтернативи вклучуваат ограничено оданочување на финансиско богатство и попрецизни контроли врз холдинг-компаниите и семејните фирми.

Според анкетите, 85% од Французите поддржуваат оданочување на богатите, што ја става владата во позиција да избира помеѓу популистички притисок и економски ризици.

Буџетот за 2026 година треба да биде поднесен во октомври, а неговото усвојување ќе зависи од компромис околу тоа кој ќе ја сноси цената на фискалната консолидација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе