Вести Свет Топ вести

Владеачката партија во Молдавија победи на изборите и покрај руските обиди за мешање

Молдавската владеачка проевропска партија успеа да победи на парламентарните избори и покрај сериозната кампања за нивно попречување која ја спроведуваа проруски елементи во земјата. По обработени 99,9 проценти од гласовите, владејачката ПИС освои 50,2 проценти од гласовите, задржувајќи ја Молдавија надвор од руската орбита и на патот кон ЕУ.

Mолдавските власти ги означија овие избори како клучни за иднината на земјата, а како такви ги оцени и Русија. Кампањата беше обележана со бројни случаи на обиди за купување гласови, дезинформации и обвинувања за подготвување улично насилство по објавувањето на резултатите.

„Сите знаеме дека Руската Федерација беше длабоко вмешана во изборите во Република Молдавија. И јас и нашите институции зборувавме за мноштвото методи, почнувајќи од обиди за купување гласови, стотици милиони евра беа потрошени за ова. Зборував за обучувањето на млади луѓе од Република Молдавија да спроведуваат насилни и дестабилизирачки акти“, изјави Маја Санду, претседателка на Молдавија.

И покрај тоа, двете политички субјекта кои не постоеја на претходните избори, Патриотскиот изборен блок и партијата Алтернатива, благодарение на руското мешање успеаја да освојат една третина од гласовите.

Разлика на овие избори, идентично како и на претходните во 2021 година, на кои исто така победи партијата формирана од претседателката Санду, ја направија гласачите од дијаспората од кои најголемиот дел живеат во земји членки на ЕУ.

Дури и таму имаше обиди за нарушување. Дојави за подметнати бомби на кратко затворија неколку амбасади каде што се одвиваше гласањето, а властите идентификувале повеќе од 900 лажни налози на социјалните мрежи кои ширеле дезинформации.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Последен ден за договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Фон дер Лајен денеска во Киев, најави иницијативи за соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе