Портретите на Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху со порака под нив „Немојте да бидите повторно измамени“ се појавија непосредно пред Амбасадата на САД, на крајбрежјето во градот Тел Авив.
Изложбата е организирана од страна на „Браќа и сестри по оружје“, заедно со други активисти на семејствата на заложниците. Поставена е пред амбасадата на САД, на крајбрежјето во градот Тел Авив.
Активистите и семејствата на заложниците продолжуваат да се залагаат и да протестираат, барајќи крај на војната во Газа и договор за ослободување на заложниците. Израелскиот премиер ги отфрли меѓународните барања за крај на војната во Газа во петокот за време на неговото обраќање пред скоро празната сала на Обединетите нации. Денес се очекува тој да се сретне со американскиот претседател Трамп на закажана средба во Вашингтон.
Израел е сè повеќе изолиран откако ја изгуби поддршката од многу земји кои долго време беа негови цврсти сојузници. Дома, владината коалиција на Нетанјаху изгледа покревка од кога било, а Белата куќа покажува знаци на нетрпение. Прашањето сега е дали Трамп ќе го засили притисокот врз Израел за да се стави крај на војната, или сепак таа понатаму ќе продолжи.
