Вести Свет

На парламентарните избори во Молдавија победа на проевропската владејачка партија

Владејачката либерално-конзервативна Партија за акција и солидарност во Молдавија го одбрани своето мнозинство. ПАС, која е на власт од 2021 година, освои 50,03 проценти од гласовите, објави изутринава изборната комисија откако беа преброени повеќе од 99,5 проценти од гласовите. Прорускиот Патриотски блок доби нешто помалку од 24,3 проценти.

Покрај ПАС и Патриотскиот блок, влез во молдавскиот парламент обезбедија и прорускиот сојуз Алтернатива (8%) и партијата Ностру (6,2%). Неочекувано, прагот за влез во парламентот го помина и партијата ППДА (5,7%) некогаш основана за обединување со Романија. Одзивот на изборите беше околу 52%, односно повисок од изборите во 2021 година, кога на избори излегоа 48% од граѓаните со право на глас.

Изборите беа засенети од обвинувањата од молдавската претседателка Маја Санду и Европската Комисија дека Русија  се обидува масовно да влијае на изборите во своја корист. Партијата на Санду, ПАС, водеше во повеќето анкети пред изборите, но исходот сепак се сметаше за неизвесен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Александар Лазаров – Цуна кој избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Последен ден за договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе