Бугарија ќе го запре транзитот на руски гас за краткорочни договори низ нејзината територија во 2026 година, како дел од напорите на Европската Унија за целосен прекин на увозот на гас од Русија, порача бугарскиот премиер Росен Жељасков, пренесува бугарската новинска агенција БТА.
Првичните планови на Брисел за увоз на руски гас беа до 2027 година. Но, официјални претставници на ЕУ минатата недела изјавија дека блокот е во преговори за изнаоѓање на правен начин за поместување на тој рок за една година порано.
Санкции на ЕУ сè уште наложуваат едногласна поддршка на сите земји членки, а Словачка и Унгарија ветија дека ќе се спротивстават на новите санкции на Унијата за руска енергија.
С.Д.
