Вести Македонија

Арсовски: Театарот допрва почнува, ќе се изнагледаме тензична кампања, но без посериозни инциденти

Треба да очекуваме ВМРО-ДПМНЕ повеќе да биде фокусиран на конкретни прашања кои се надлежност на општините, а СДСМ повеќе да е фокурисан на национални теми, рече Петар Арсовски, комуниколог и политички аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за кампањата за локалните избори која официјално стартува денеска.

„Мислам дека тоа ќе се забележи во почетните комуникациски стратегии. И тоа има логика, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ужива имиџ на партија која е поефикасна, поорганизирана за локални проблеми, а СДСМ ужива, условно речено, државнички имиџ“, истакна Арсовски.

Според него, локалните избори се одвиваат, како што рече, „под еден чадор на детерминирана политичка атмосфера“.

„Многу под влијание на резултатите на претходните парламентарни избори, што му дава критичка предност на ВМРО-ДПМНЕ на национално ниво речиси секаде, со некои исклучоци. Но, тоа што го забележувам е дека партиите веќе ги фаќа предизборна еуфорија, веќе се поактивни во говорите, подиректни политички пораки упатуваат еден кон друг. Мислам дека театарот допрва почнува, дека ќе се изнагледаме една тензична кампања, но очекувам релативно мирна, без посериозни инциденти“, додаде Арсовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Kristina Kuzmanovski

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против таткото на Меланија за физичко и психичко насилство врз семејството за што јавно алармираше неговата ќерка

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе