Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави договор за вооружување вреден 90 милијарди долари со САД, кој вклучува и посебен аранжман за набавка на украински беспилотни летала од страна на Вашингтон.
Договорот, според Зеленски, е дел од стратешкото партнерство и ќе придонесе за одржување на одбранбените капацитети на Украина.
Украинскиот претседател посочи дека техничките состаноци за финализирање на деталите ќе започнат кон крајот на септември, и истакна дека овој договор претставува значаен чекор во јакнењето на одбранбената соработка меѓу двете земји.
Дополнително, Зеленски предупреди и на зголемена разузнавачка активност од страна на Унгарија на украинска територија, откривајќи дека е идентификуван најмалку еден дрон со унгарско потекло.
