Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наредил распоредување на трупи во Портланд, Орегон, и го овласти Министерството да користи „целосна сила“ ако биде потребно.
Во објава на „Трут Соушл“, Трамп рече дека акцијата е насочена кон заштита на „војно уништениот“ Портланд и објектите на Имиграциската служба, кои, според него, се под опсада од „Антифа и други домашни терористи“.
Оваа одлука предизвика нови тензии, особено откако градоначалникот на Портланд, Кит Вилсон, претходно јавно изјави дека не барал и не му е потребна федерална интервенција.
Не е јасно дали Трамп ќе ангажира Национална гарда или регуларна армија. Меѓувреме, Демократските претставници од Орегон остро го осудија потегот, а пратеничката Сузан Бонамичи предупреди дека постапките на ICE не се во согласност со најавеното таргетирање на криминалци.
