Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага за „Тешки дела против општата сигурност“ против четворица осомничени за експлозија на рачна бомба на улицата „Охридска“ во Битола на 12 јули.
Откако вештачењето утврдило материјална штета од над 405.000 денари, делото е преквалификувано од предизвикување општа опасност во потежок облик на кривично дело.
Истрагата покажала дека еден од осомничените ја активирал рачна бомба М-75, по што е отворена и посебна постапка за неовластено поседување и тргување со оружје и експлозивни материи.
Другите осомничени се товарaт за поттикнување, соизвршителство и помагање.
На тројцата осомничени што се веќе приведени, 8-дневниот притвор им е продолжен на 30 дена, додека четвртиот осомничен сè уште не е достапен за органите на прогонот.
