Вести Македонија

37 опомени за непочитување на новите законски измени- дел од граѓаните не се запознаени

37 опомени добиле граѓаните во главниот град бидејќи не ги почитувале новите сообраќајни правила, односно поминале на пешачки премин користејќи мобилен телефони или слушалки. Новите законски измени втор ден се на сила, но дел од граѓаните се уште не се запознаени.

Јавноста во прашалници дали кога поминувааат регуларно на пешачки рпремин на зелено светло им се прекршува правото на слобода ако користат мобилен телефон или слушалки. Според експертите и тие се учесници во сообраќајот кои ја делат истата одговорност со остаататие учесници.

Новите сообраќајни правила започнаа да важат од вчера. Казната за преминување пешачки премин со телефон во рака или на уво изнесува 40 евра. За возење тротинет или мотор со користење електронски уред, глобата е 50 евра. Од министерството за внатрешни работи велат дека ќе почнат со казни кога граѓаните ќе бидат запознаени со новите измени во законот.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Украинците протестираат поради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе