Вести Македонија

Јаневска во ВИН ВИН: Училиштата треба да им ги отпечатат учебниците и да им ги дадат на родителите бидејќи не нарачале

На училиштата им рековме да нарачаат учебници, но тие не нарачале, сега казната е што сега тие треба да им ги отпечатат учебниците и да им ги дадат на родителите. Оние родители кои се заинтересирани, па сами тоа го прават, еве ќе речам да издавачките куќи имаат право со 10% од учебниците да ги пуштат во слободна продажба по истата цена утврдена со закон по која што ги откупил МОН, рече во вечерашната емисија Вин Вин, министерката за образование Весна Јаневска.

Според неа ние имаме проблем во целото општество па и во образовниот систем со одговорно однесување. Има тука некакви политички замки има и замки од локален карактер.

  • „Едно истражување кое наскоро треба да го објавиме – Зошто децата имаат само петки?, на пола од истражувањето ми велат затоа што сите се познаваат едни со други, затоа што тоа е услуга на комшијата, роднината. Прашувам дали таму има корупција- нема, замислете, тоа се прави како позитивен акт кон другиот“, рече Јаневска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје – нестабилно и во Полог и во Овче Поле

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе