Министерството за образование и наука информира дека дигиталните учебници за четврто, петто и шесто одделение се веќе достапни на официјалната платформа digitalniucebnici.mon.gov.mk.
Платформата е отворена за сите и обезбедува лесен пристап до наставниот материјал велат од ресорното министерство.
Додаваат дека оваа иницијатива е дел од процесот на дигитализација на образованието, со цел да се овозможи поквалитетно и подостапно учење за учениците и наставниците.
Учебниците се прилагодени за користење преку различни уреди.
Од Министерството најавуваат дека сите нови содржини, надградби и дополнувања на платформата ќе бидат навремено објавени, со што ќе се осигури континуирана поддршка за сите корисници.
