Во 1947 година, норвешкиот истражувач Тор Хејердал решава да ја докаже својата смела теорија – дека Полинезија можела да биде населена од луѓе кои дошле од Јужна Америка. Со цел да го покаже тоа, тој со уште петмина другари тргнува на опасна експедиција преку Пацификот, пловејќи на рачно изработен брод од балсово дрво наречен „Kon-Tiki“, без модерна навигациска опрема.
Филмот ја прикажува неверојатната борба на екипажот со невремиња, ајкули и океански предизвици, но и внатрешната борба со стравот и сомнежите. „Kon-Tiki“ е инспиративна вистинита приказна за храброст, издржливост и верба во невозможни соништа.
Филмот е номиниран за Оскар најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
