Вести Свет

Калас: Неприфатливо е нарушувањето на романскиот воздушен простор од руските дронови

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска ја критикуваше повредата на романскиот воздушен простор од руски дронови за време на напад врз соседна Украина во саботата, оценувајќи го тоа како неприфатливо и обвинувајќи ја Москва за „непромислено заострување“.

Повредата на романскиот воздушен простор од руски дронови е уште едно неприфатливо нарушување на суверенитетот на една членка на ЕУ, напиша Калас на X.

Според неа, тоа „непромислено заострување ја загрозува регионалната безбедност“.

Ја изразуваме солидарноста со Романија, додаде Калас.

Романија вчера соопшти дека дрон го нарушил романскиот воздушен простор за време на руски напад врз инфраструктура во соседна Украина, неколку дена откако Полска го осуди влегувањето на руски беспилотни летала на полска територија.

Романската армија испрати два борбени авиони Ф-16 за да ја следат ситуацијата во врска со бомбардирањето на украинската територија. Тие откриле дрон во воздушниот простор на Романија, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Леталото било следено сè додека не исчезнало од радарите.

Дронот не леташе над населени подрачја и не претставуваше непосредна закана за населението во Романија, која, исто како и Полска, е членка на НАТО, соопшти Министерството.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе