Вести Свет

„Источна стража“ за дополнително зајакнување на Источното крило на НАТО

„Источна стража“ е одговорот на НАТО откако дваесетина руски дронови навлегоа во полскиот воздушен простор а првичната реакција на алијансата од страна на експертите беше оценета како несоодветна.

Бројни безбедносни експерти посочија дека активирањето на полски и холандски ловци за пресретнување на руските дронови, кои успеале да соборат само три, ја докажува неподготвеноста на НАТО за справување со ваквите руски закани.

Неодговорниот однос кој го гледаме од Русија е многу опасен. Нашата проценка на инцидентите од среда сѐ уште трае, и без разлика дали руските постапки биле намерни, Русија го наруши воздушниот простор на НАТО. Поради тоа, ние како НАТО јасно ја демонстрираме нашата одличност и способност да ја браниме нашата територија. „Источната стража“ е дизајнирана токму за тоа, изјави генералниот секретар на алијансата марк руте.

„Источна стража“ всушност ќе ги инкорпорира веќе постоечките одбранбени и набљудувачки капацитети на алијансата ширум источниот фронт, дополнета со нови капацитети кои сојузниците ги ветија по инцидентот со руските дронови.

Иако нашиот моментален фокус е на Полска, оваа ситуација ги надминува границите на една нација. Тоа што го засега еден сојузник, нѐ засега сите нас. Ова е прашање кое ја засега целата алијанса, и ние го третираме како такво. „Источната стража“ ќе биде флексибилна и агилна, испорачувајќи уште по фокусирана одбрана и одвраќање токму таму каде е потребно, рече врховниот командант на сојузниците во европа, генералот алексиус гринкевич.

Франција веќе испрати ловци Рафал, Данска Ф-16 од американско производство, но капацитетите се зајакнуваат не само во воздух туку и на копно и на вода. Покрај тоа земјите членки ветија дополнителни единици, како и нови копнени одбранбени системи.

НАТО веќе има значителен број војници и опрема распоредено на териториите на неговите членки ширум Источна Европа, како дел од претходните напори за зајакнување на источното крило по руската инвазија на Украина во 2022 година.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе