Вести Македонија Најважни

Еден играч со скршеница на нос, друг со повреда на ногата, тројца родители влегоа во терен, еден од нив приведен – инцидент на фудбалски натпревар меѓу младински екипи на Брегалница и Шкупи во Штип

Повредени се двајца 15-годишни фудбалери на штипска Брегалница за време на натпреварот против Шкупи на стадионот на Бело Брдо во Штип. Едниот од фудбалерите се здобил со скршеницa на носот, а другиот со повредa на ногата. Инцидентот се случил на самиот крај на натреварот, при водство на домаќините 2:1, и тоа во момент кога фудбалер на Шкупи заработил црвен картон од судијата. Незадоволниот фудбалер почнал да ги напаѓа фудбалерите, по што на теренот влегле и тројца родители.

Еден од тројцата родители на фудбалери на Шкупи е приведен во Полициска станица Штип, бидејќи замавнувал со боксови и удирал клоци на 15-годишните фудбалери.

ОД МВР попладнево го потврдија инцидентот, по кој во Полициската станица во Штип е приведен 43 годишниот А.А родител на фудбалер од Шкупи, којшто физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на Брегалница и им нанел повреди.

„Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во соопштението на МВР.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро го осуди инцидентот што се случи на натпреварот од младинските категории (генерации 2009/10) помеѓу екипите на Брегалница и Шкупи. Најавија дека надлежните органи ќе поведат дисциплински мерки за сторителите на инцидентот, како и против Шкупи и одговорните лица,  со цел вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори.

„Ваквото однесување е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери. Особено загрижува што едно од децата претрпе сериозни повреди, скршеници, како последица од нападот. Федерацијата уште еднаш потсетува дека секој чин на насилство на спортските терени е недозволив и строго ќе биде санкциониран. Со насилство, од било кого и на било кое ниво, нема да има компромис“, велат од ФФМ.

Од фудбалскиот клуб Шкупи засега нема никакви информации и став за денешниот инцидент што се случи во Штип.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД за првпат употребија морски дронови, Иран ги гаѓаше американските бази во Бахреин и Кувајт – Пакистан повикува на итна деескалација

Sasko Dimovski

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе