Вести Македонија Најважни

Министерство за здравство достави – обвинителство ќе открива евентуални неправилности на Стоматолошка комора

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на обвинителството. Министерството за здравство ги достави, сега на потег обвинителите да откријат дали има евентуални злоупотреби за работењето на комисијата, по наодите на министерот Алиу дека утврдиле неправилности и финансиски злоупотреби.

Документацијата вчера е доставена до републичкото јавно обвинителство. Ќе биде распоредена кај јавен обвинител кој ќе го разгледа предметот и ќе го достави на надлежно постапување на соодветно јавно обвинителство“,

Од Здравство велат дека се предадени три извештаи на комисијата за надзор, известување до Стоматолошката комора и друга документација од Секторот за стоматолошка здравствена заштита.

„Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното овластување на Стоматолошката комора од 25.02.2025 година, од 15.05 2025 и од 21.05.2025 година. Дополнително е доставено и известување до Стоматолошката комора од 11.03.2025 година, како и списи и документација од секторот за стоматолошка здарвствена заштита. Во однос на процедурата за добивање или продолжување лиценца на докторите по стоматологија, за што Министерството за здравство времено ги презеде надлежностите, потсетуваме дека докторите може да ја достават документацијата во архивата на Министерството за здравство, до сектор за стоматолошка здравствена заштита“, велат од министерството за здравство.

Ова следува откако пред две недели министерот Алиу и ги одзеде овластувањата на Стоматолошката комора за давање на лиценци поради како што тврдеше неправилности и сомнежи за финансиски злоупотреби.

Од комората ги демантираа наводите дека имале неправилности и не постапиле по насоки на министерот. Од една страна, велат, им е одземена лиценцата, а од друга тие ќе вршат стручен надзор и водат регистар, што дополнително ќе ја комплицира целата постапка.

Во средина останаа стоматолозите збунети и загрижени како по ново треба да ја завршат постапката за да ги продолжат своите лиценци.  Во стоматолошката комора влегоа и финансиската полиција и управата за јавни приходи.  Од финансова за Телма информираа дека преземаат мерки и активности за да утврдат дали има или не евентуални неправилности и инкриминирани дејствија. Стоматолошката комора брои околу 2 800 членови и организира обуки за одржување на лиценците.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД за првпат употребија морски дронови, Иран ги гаѓаше американските бази во Бахреин и Кувајт – Пакистан повикува на итна деескалација

Sasko Dimovski

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе