Вести Свет

Нова размена на заробеници – 84 за 84

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 84 лица, меѓу кои војници и цивили, се вратиле од руски заробеништво како дел од нова размена на затвореници со Русија.

Некои од нив биле притворени уште од 2014, 2016 и 2017 година, а меѓу ослободените се и бранителите на Мариупол.

„Речиси сите имаат потреба од медицинска нега и значителна рехабилитација“, напиша Зеленски на Телеграм.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека во рамки на размената биле вратени и 84 руски војници, кои моментално се наоѓаат во Белорусија каде што добиваат психолошка и медицинска поддршка.

Размената била спроведена со посредство на Обединетите Арапски Емирати.

Зеленски им се заблагодари на украинската воена разузнавачка служба, Координацискиот штаб за третман на воени заробеници, како и на Емиратите за нивната улога во размената.

Тој најави дека размените ќе продолжат, благодарение на храброста и ефикасноста на украинските сили на фронтот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе