Едно лице загина во голем шумски пожар што изби во градот Трес Кантош, северно од шпанската престолнина Мадрид, соопштија локалните власти во вторникот.

Пожарот започнал доцна синоќа кога била зафатена сува нискостеблеста вегетација и се проширил кон населба со нови станбени згради.

На терен биле испратени 12 противпожарни возила и три хеликоптери, обидувајќи се да ја спречат огнената стихија да стигне до урбаните делови.

Еден маж со изгореници на 98% од телото бил спасен и итно пренесен во болница, но подоцна им подлегнал на повредите.

Шпанија се соочува со екстремно високи температури, дел од новиот топлотен бран што ја зафати Европа.

Според предвидувањата, 2025 година ќе биде втората или третата најтопла досега, а континентот се загрева побрзо од остатокот од светот.
