Вести Свет Топ вести

Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање изјави дека е потребно поголемо европско влијание во тековните преговори меѓу САД и Русија за прекин на војната во Украина.

„Сите одлуки што треба да се донесат за да се заврши оваа војна и да се обезбеди безбедноста, всушност влијаат на цела Европа“, рече украинскиот претседател.

Зеленски додаде дека тековниот конфликт е војна на Русија не само против Украина, туку и „во Европа и против Европа“.

Тој рече дека затоа се планирани состаноци на европско ниво за координирање на ставовите. „Гласот на Европа мора да влијае на процесите“, рече украинскиот лидер.

По телефонските разговори со германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Зеленски планира да има и телефонски разговор со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Кремљ вчера објави дека американскиот претседател Доналд Трамп може да разговара со рускиот претседател Владимир Путин следната недела за прекин на војната во Украина.

Зеленски ќе се приклучи на разговорите во подоцнежна фаза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе