Албанскиот премиер Еди Рама утрово го започна денот со видео на социјалните мрежи, прикажувајќи багер како руши дивоградби во Скадар.
„Добро утро“ напиша Рама, додавајќи дека акцијата е дел од поширока иницијатива за ослободување јавни простори во повеќе градови низ Албанија.

Ова е дел од проектот „Урбана ренесанса 2.0“, кој вклучува соработка помеѓу владата, општините, претприемачите и локалните заедници, со цел подобрување на јавниот простор и урбаното живеење, како дел од визијата „Албанија 2030“ и патот кон Европската Унија.
На видеото може да се види багер како буквално минува низ цел „град“ од диво изградени објекти, рушејќи ги еден по еден.
Рама порача дека расчистувањето ќе продолжи и во другите градови, во име на подобар и поуреден јавен простор за сите граѓани.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
