Вести Свет

ОН го повика Израел да се откаже од својот план за воспоставување целосна воена контрола врз Појасот Газа

Одлуката на израелската влада да ја презеде контролата врз Газа предизвика лавина критики, како од внатре, така и од надвор. Противењето на одлуката за продолжување на воената операција во Појасот, особено по изјавата на Нетанјаху дека сака да ја преземе цела Газа, започнаа прво од Генералштабот на армијата, а потоа и семејствата на заложниците и опозицијата. Но, 10 часовните дискусии пред соопштувањето на одлуката рано утрово, посочуваат дека ниту самата израелска влада не е усогласена.

„Имаме намера, за да ја гарантираме нашата безбедност, да го отстраниме Хамас, да ѝ дозволиме на популацијата да живее слободно во Газа и ќе ја предадеме на цивилни власти кои нема да бидат Хамас или некој кој заговара уништување на Израел. Тоа сакаме да го направиме, изјави Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.

87 проценти од територијата на Газа веќе е под окупација на израелската армија, а меѓународната заедница го критикува планот за нејзино продолжување посочувајќи дека водството на Хамас во Појасот е комплетно уништено.

„Веќе јасно кажавме дека окупацијата на овие територии не смее и не може да продолжи. Таа не е прифатена од меѓународното право. Во врска со коментирање, мораме да почекаме што ќе направи владата, и ќе одговориме соодветно. Но, веќе јасно ја искажавме нашата загриженост, дека секое проширување на овој конфликт ќе биде катастрофално, потенцира Фархан Хак – Портпарол на Генералниот секретар на ООН.

Палестинските цивили кои од почетокот на војната беа принудени неколку пати да се преселат, стравуваат дека убиствата и уништувањето ќе продолжи.

„Оваа понатамошна ескалација ќе резултира со нови масовни присилни раселувања, уште убиства, уште неподносливи страдања, безчувствително уништување и злосторства. Војната во Газа мора веднаш да заврши, а на Израелците и Палестинците мора да им се дозволи да живеат едни покрај други во мир, порача  Лиз Тросел – Портпарол на Канцеларијата на Високиот Комесар за човекови права на ООН.

Махмуд Абас, претседателот на Палестинската самоуправа на Западниот брег, одлуката за повторна окупација на Газа ја нарече злосторство. Предупредувајќи дека окупацијата ќе предизвика невидена хуманитарна катастрофа, Абас го обвини Израел за геноцид поради убиствата и блокадата на Појасот.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран се закани: Ќе ја уништиме регионалната инфраструктура ако САД ја нападнат нашата

Kristina Kuzmanovski

Откриени 2000 шишенца со медицински раствор спакувани во папки и кеси во кабина на камион

Дејан Дејан

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе