Вести Свет Топ вести

Договорена средба меѓу Трамп и Путин

Москва и Вашингтон договориле средба меѓу претседателите Путин и Трамп за време на вчерашната посета на специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф. Информацијата ја објави Кремљ, и дојде како мало изненадување особено ако се има предвид протоколарното и стерилно соопштение по вчерашниот разговор меѓу Виткоф и Путин.

На предлог на американската страна начелно се договоривме да се одржи билатерален состанок на највисоко ниво во следните денови, односно средба помеѓу претседателот Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави советникот за надворешни работи на Путин, Јури Ушаков.

Советникот на Путин додаде дека и двете страни започнуваат со подготовки за средбата, чија локација е веќе договорена но не и времето кога ќе се одржи.

Претходно, осврнувајќи се на средбата Трамп се воздржа од својот оптимистички пристап кога станува збор за неговата интеракција со Путин, жалејќи се дека веќе неколку пати бил разочаран од рускиот претседател.

Не го нарекувам успех. Многу долго работиме на ова. Илјадници млади луѓе умираат, најголемиот дел војници, но исто така и ракети паѓаат врз Киев и други места. Кога сме кај војниците, мислам дека Русија загуби повеќе од 20.000 од почетокот на годината, проценките за Украина се околу 9.000. Ова е ужасна ситуација, изјави Трамп.

Иако Трамп зборуваше за трилатерална средба со Путин и Зеленски, Москва со својата добро воспоставена тактика на игнорирање на елементите од преговорите кои не ѝ се допаѓаат.

Што се однесува до можноста за одржување на тространа средба, за која поради некоја причина беше беше дискутирано во Вашингтон, оваа можност беше само спомната од страна на американскиот претставник за време на состанокот во Кремљ. Но, за оваа можност не беше детално разговарано. Руската страна не даде апсолутно никаков коментар, тврдеше ушаков.

Трамп за време на претседателската кампања се фалеше дека војната во Украина ќе ја заврши за еден ден, но повеќе од шест месеци подоцна не е ништо поблиску отколку што беше на почетокот. Кремљ успешно го одолговлекува процесот додека неговата армија бавно напредува во Доњецк правилно проценувајќи дека американската поддршка за Киев под Трамп нема да биде безусловна како под Бајден.

Но, по шест месеци непродуктивни напори, Трамп започна да ги остварува заканите. Воведе дополнителни 25 проценти царини за Индија, затоа што купува руска нафта, а вчера американскиот Конгрес одобри уште 200 милиони долари воена помош за Украина.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе