Вести Свет

Грција е во услови на суша на различни нивоа по високите температури

Грција е во услови на суша на различни нивоа по високите температури и ниските врнежи од дожд во текот на минатиот месец, пишува порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, во однос на индексот на суша во земјата.

Според податоците за влажноста на почвата од Коперник на Европската Унија, голем дел од Крит, Пелопонез, источниот дел на областа Македонија, Тракија и Лезбос се погодени од интензивна или екстремна суша нивоа четири и пет.

Многу делови од Атика, Евија, централна Грција и Епир, како и многу острови се во состојба на умерена или значителна суша (нивоа два и три).

– По исклучително високите температури и ниските врнежи од дожд во јули, речиси целата земја е во повисоко ниво на суша за сезоната во споредба со почетокот на претходниот месец, пишува во анализата на Метео.

Објаснуваат дека проценката на условите на суша се базира на влажноста на почвата во слојот помеѓу 28 и 100 сантиметри под површината, а содржината на вода во овој слој е клучна за растот и приносот на многу земјоделски култури.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Триглав станува сопственик на удел во една од водечките приватни здравствени групации во Хрватска  

Дејан Дејан

ОЈО: Oбвинението против Латас застаре поради супервештачење нарачано од Кривичен

Дејан Дејан

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе