Медицински транспортен авион се урна и се запали на територијата на Навахо на северот на Аризона, при што загинаа четири лица. Несреќата се случила близу аеродромот во Чинле, околу 480 километри североисточно од Феникс.
Авион од типот „Beechcraft 300“, управуван од компанијата „CSI Aviation“ од Албукерки, се обидувал да слета за да преземе пациент од болницата на Федералната служба за здравство.
Авионoт паднал при слетување, соопшти Федералната воздухопловна администрација.
Состојбата на пациентот кој требало да биде преземен не е позната. Причината за несреќата засега не е утврдена, а истрагата ја води Националниот одбор за безбедност во сообраќајот.
Претседателот на Навахо, Бу Нигрен, изјави дека е скршен од болка поради трагичниот настан.
