Осум лица загинаа, меѓу кои и министрите за одбрана и за животна средина на Гана, во пад на воен хеликоптер, соопштија официјални претставници во Акра.
Во хеликоптерот на военото воздухопловство на Гана, исто така, имало и неколку други политичари, според началникот на Генералштабот, Јулиус Дебрах. Повеќе детали за уривањето на хеликоптерот во западната провинција Ашанти засега се недостапни.
Хеликоптерот со три члена на екипажот и пет патници одеднаш исчезна од радарот, соопшти военото воздухопловство на Гана.
