Вести Свет

Изборната комисија во БиХ го разреши Додик од функцијата претседател на РС

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина денеска го разреши Милорад Додик од функцијата претседател на српскиот ентитет – Република Српска, откако Апелацискиот суд ја потврди пресудата со која му се изрекува една година затвор и шестгодишна забрана за политичко дејствување.

Комисијата соопшти дека Додик има право на жалба, а предвремени претседателски избори во Република Српска ќе се распишат 90 дена по конечноста на одлуката.

Последните избори за претседател на овој ентитет беа одржани во 2022 година.

Додик ја отфрли пресудата и најави дека ќе продолжи да се смета за претседател сè додека ја има поддршката од парламентот на Република Српска.

Тој доби поддршка и од српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Додик е под меѓународни санкции поради својата отворена поддршка на проруската политика и честите повици за отцепување на Република Српска од БиХ, што предизвикува тензии и стравувања од дестабилизација на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Вистинската штета не се изгубените 4,2 милиони евра, туку застојот на евроинтеграциите

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, ДУИ и Левица се блокатори на Изборниот законик и на реформите

Sasko Dimovski

Обвинение за измами со брзи кредити – меѓу обвинетите и вработен во ФЗОМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе