Двe лица загинаа, а најмалку 12 се повредени, меѓу кои и две деца, откако руските сили нападнаа рекреативен центар во украинскиот регион Запорожје, соопшти регионалниот гувернер Иван Федоров во средата.
Нападот се случил во слабо пошумена област, а според локалните власти, Русија извршила најмалку четири напади, вклучително и „лебдечки бомби“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот нема никаква воена смисла и го нарече „чиста суровост за застрашување“.
Нападот се случува во чувствителен момент, додека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, пристигна во Москва пред крајниот рок што Белата куќа му го постави на Владимир Путин за постигнување мировен договор.
Вашингтон најави строги економски мерки, вклучувајќи високи царини, доколку нападите врз цивилни не запрат до петок.






