Вести Свет

Голема воена парада во Загреб по повод 30-годишнината од „Бура“

Со свечена воена парада на Вуковарска улица во Загреб, Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од воено-полициската операција „Бура“, со која беше ослободен Книн и вратена државната контрола над територијата која беше дел од самопрогласената република Српска Краина, во периодот од 1991-та до 95-тата година. Огромен дел од српското население во колони ја напушти Хрватската држава во текот на операцијата „Бура“

Прославата започна во 17 часот. Хрватска химна ја изведе академскиот хор Иван Горан Ковачиќ и оркестарот на хрватската војска а потоа беше одржана и минута молчење за загинатите хрватски бранители.

Со зборовите: „Нека тргне парадата“, изговорени од хрватскиот претседател и врховен командант на вооружените сили, Зоран Милановиќ, и официјално започна парадата.

Во парадата учествуваа 3 400-тини војници, потоа припадници на полицијата, спасувачите, пожарникарите и воените ветерани а над небото во Загреб прелетаа и 40 авиони.

Дел од најмодерниот воен арсенал беа и германските борбени тенкови Леопард 2А6, како и неодамна набавените француски борбени авиони „Рафал“ и турските борбени дронови „Бајрактар“.

Граѓаните во Загреб имаа можност да ја следат и парадата на Хрватската морнарица, помеѓу островите Шолта и Вис, во која учествуваа 13 пловила, односно 9 бродови, 4 големи гумени чамци , околу 210 офицери и морнари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе