Првиот австралиски ракетен обид за орбитален лет заврши со пад по 14 секунди од лансирањето. Ракетата Ерис, произведена од компанијата „Gilmour Space Technologies“, беше првиот австралиски ракетен систем дизајниран и изработен за да носи мали сателити во орбита.

Лансирањето се случи од вселенската база во близина на градот Боувен во северен Квинсленд.
Иако ракетата успеа да ја напушти лансирната рампа и да остане во воздух неколку секунди, таа падна недалеку од местото на лансирање.

Компанијата истакна дека сите четири мотори со хибриден погон се активирале и дека лансирањето било успешен чекор, иако траеше само 14 секунди лет.
„Gilmour Space Technologies“ е поддржана од приватни инвеститори и од австралиската влада, која неодамна додели грант од 5 милиони австралиски долари за развој на ракетата Ерис.

Ова беше прв орбитален обид од Австралија по повеќе од 50 години и важен чекор во развојот на австралиската вселенска индустрија.
