Во текот на ноќта, Украина беше цел на нови руски напади со дронови, при што беа погодени неколку градови и региони. Најжесток удар беше врз вториот најголем украински град, Харков, каде беа погодени објекти и станбени згради.

Според градоначалникот на Харков, Игор Терехов, дрон удрил во автоперална, супермаркет и предизвикал оштетувања на прозорци во неколку станбени згради во населбата Шевченковски.

Најмалку три лица се повредени при нападот.

Украинските воздушни сили соопштија дека Русија ноќеска лансирала 78 дронови, меѓу кои и осум млазни дронови насочени кон северниот фронт.

До 9:00 часот наутро, украинската противвоздушна одбрана успеала да собори или заглуши 51 дрон над северниот и источниот дел на земјата.
