Вести Свет

Само една третина од американците го поддржуваат Израел во Газа – драстичен пад на поддршката кај Демократите и Независните

Поддршката за израелската воена операција во Газа меѓу американците е значително намалена, при што само една третина од граѓаните ја одобруваат, според последната анкета на Галуп – пад од почетокот на војната во Газа, кога повеќе од половината од американците ја поддржуваа еврејската држава.

Ваквиот пад е особено разочарувачки за моќното израелско лоби AIPAC, кое троши десетици милиони американски долари секоја година, купувајќи ја лојалноста на американските политичари од двете најголеми партии, Републиканците и Демократите.

Истражувањето на Галуп покажа и дека околу половина од американските граѓани имаат негативно мислење за Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негов најлош рејтинг откако бил вклучен во истражувањата на Галуп, 1997-та година.

Истражувањето на јавното мислење било спроведено од 7-ми до 21-ви јули, додека информациите за масовната глад во Газа предизвика меѓународни критики за Израелската одлука целосно да го блокира доставувањето хуманитарна помош.

Иако, од една страна испитувањето на јавното мислење покажува драматичен пад на поддршката за Израел во границите на Израел, од друга страна, војната во Газа сѐ повеќе политички ја поларизира јавноста.

Падот на поддршката за Израел се должи на граѓаните кои се идентификуваат како Демократи или Независни, кои сега многу помалку имаат разбирање за израелските воени операции, во споредба со ноември 2023-тата година.

Републиканците, од друга страна, во голема мерка продолжуваат да ги поддржуваат и израелските воени операции и Нетанјаху.

Само 8 % од демократите и една четвртина од независните гласачи го поддржуваат Израел во операциите во Газа.

Во истражувањето на Галуп, 6 од 10, или 60 проценти, анкетирани американски граѓани се против воените операции на Израел во Газа, пораст од 45 проценти во ноември 2023-тата.

Особено драстично е мала поддршката за Израел кај младите анкетирани граѓани.

Само еден од десет анкетирани граѓани на возраст под 35 години имаат разбирање на воените напади на Израел на Газа, додека тој процент се зголемува на 50 проценти кај анкетираните граѓани кои се на возраст од 55 години и повеќе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе