Вести Свет

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Романија денес гласа за еден од најзначајните претседателски избори во нејзината понова историја – втор круг меѓу крајно – десничарски лидер и проевропски центрист. Изборот се очекува да ја одредат идната геополитичка насока на земјата-членка на ЕУ и НАТО.

Над половина милион Романци во дијаспората веќе го дадоа својот глас. Изборните места се отворени од 7 а ќе се гласа до 21 часот, а изборите се одржуваат неколку месеци по поништувањето на претходниот циклус поради наводни изборни нерегуларности и обвинувања за руско мешање.

Сакам сè да се промени, сакам овие да си одат за да не слушам повеќе за нив, сакам режимот да се промени во целост, 35 години се доволни, погледнете каде нè доведоа.Ќе биде тешко и ќе биде потребно време, ништо нема да се случи утре, но се надеваме… надежта е сè што останува, се надеваме дека сè ќе се промени… или барем да почне да се менува, како што реков, не очекувам сè да се промени за еден ден, вели пензионерот Кристијан.

Цел живот одев да гласам и имав надежи, но многу малку беше направено од сè што би сакал, разочаран сум, но треба да продолжиме напред, изјави Теса Андрееску.

Фаворитот Џоџге Симион – 38-годишен лидер на крајната десничарска партија Алијанса за обединување на Романците“, води во изборната трка. Тој се залага за ’враќање на демократијата‘, намалување на бирократијата, пониски даноци, и повикува на обединување со соседна Молдавија.

Гласав против неправдата што им се нанесува на романскиот народ, против нееднаквостите и понижувањето што нашите сестри и браќа го претрпеа и тука и во странство, гласав против злоупотребата и сиромаштијата, против оние што нè игнорираат сите нас, но гласав и за нашата иднина што треба да ја одлучат само Романците, за Романците и за Романија, изјави претседателскиот кандидат и лидер на Алијанса за обединување на Романците, Џорџе Симиони.

Наспроти него, актуелниот градоначалник на Букурешт, 55-годишниот Никушор Дан – независен кандидат со реформистичка и проевропска платформа. Тој е познат активист против урбана корупција и силен поддржувач на европските вредности и Украина.

Ова не ми е прва кампања и никогаш не правам предвидувања на резултатите… Романците ќе одлучат. Постои голема надеж за структурни промени, но тоа зависи од тоа што ќе се случи денес. Ова е историска шанса за вистинска промена. Романците ќе одлучат, порача кандидатот за претседател Никушор Дан.

Претседателот во Романија има клучна улога во националната безбедност, надворешната политика и назначувањето на нов премиер. Победникот ќе го замени актуелниот премиер Марчел Чолаќу, кој поднесе оставка по неуспехот на неговиот кандидат во првиот круг.

Поддршката за Симион расте, особено кај Романците во дијаспората – каде доби 61% од гласовите во првиот круг. Сепак, неговите критичари го обвинуваат за популизам и про-руски ставови, што тој јавно ги отфрли.

Со денешното гласање, Романија се наоѓа пред важен избор – дали ќе тргне кон подлабока интеграција со Западот или ќе направи дијаметрално свртување кон националистички модел. Првичните резултати се очекуваат веднаш по затворањето на гласачките места.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе