Вести Најважни Свет

САД од утре со 104 отсто царини за Кина – продолжува заложбата за „златна ера на Америка“

Ерата на историско ослободување. САД од утре воведува 104 отсто царини за одредени кинески производи, откако Пекинг одби да ги повлече одмазничките контра цариниски мерки. Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит истакна дека Трамп е на добар пат во исполнување на заложбата за новата „златна ера на Америка“ која нема да дозволи американските компании да бидат оштетени од неразумните трговски практики.

„ Америка на прво место до самиот крај. И покрај ширењето на страв од страна на медиумите, светот очигледно реагира на пристапот на претседателот Трамп“ соопшти Керолин Левит, портпаролката на Белата Куќа.

По воведувањето на американските царини 70 земји испратија барање до Белата Куќа за отпочнување на преговорите со цел да ги намалат трговските мерки за нивните држави. САД соопшти дека сите опции за преговори се на маса, а секој договор ќе биде посебно скорен, а не еден стандарден за сите.

„Пораката на претседателот е едноставна и иста од самиот почеток, до сите земји ширум светот – испратете ја најдобрата понуда и тој ќе ве сослуша. Договори ќе бидат постигнати само ако од нив имаат придобивки американските работници и го поправаат огромниот трговски дефицит на нашата нација“ изјави Керолин Левит, портпаролката на Белата Куќа.

Пекинг не ги укина своите контрамерки кон американските производи за кои претходно беше побарано од претседателот Трамп. Наместо тоа Кина најави дека ќе се бори докрај со цел да ги заштити своите интереси. Според кинеските власти реципрочните царини од страна на САД се целосно неосновани и претставуваат практика на заплашување.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Триглав станува сопственик на удел во една од водечките приватни здравствени групации во Хрватска  

Дејан Дејан

ОЈО: Oбвинението против Латас застаре поради супервештачење нарачано од Кривичен

Дејан Дејан

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе