Вести Код Македонија

КОД: Истрага и за загадување од мазутот во ТЕЦ Неготино

Осомничените за злоупотребите со набавките на мазут од над 165 милиони евра се во притвор, единствено поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е во бегство. Меѓу осомничените се сопствениците на РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски како и Асмир Јахоски, сопственик на Пуцко Петрол и син на пратеник на ДУИ.

Истрагата почнала и со активности за проверка на еколошки кривични дела бидејќи постојат сомнежи дека во ТЕЦ Неготино се трошел и мазут со  лош квалитет и опасен за здравјето и животната средина, открива КОД во вечерашното издание.


Во вечерашното издание на КОД и за зделките кои фирмите на осомничените Сулкоски и Јахоски ги добиле последните месеци додека траела истрагата за мазутот кој ЕСМ го купувал за ТЕЦ Неготино. КОД е по вечерните вести на Телма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе