Вести Македонија Најважни

(ВИДЕО) Шукова: На Крива Река и се случи еколошка катастрофа, храната е под ризик

Излевањето на цијанид и други опасни материи во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја. Според независните анализи кои ги објави општината Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски, концентрацијата на тешки метали, цијаниди и други токсични материи е десетици и стотици пати над дозволеното. Ова е огромна закана за живиот свет, за бунарите, за земјоделските површини, но и аларм итно да се направат анализи и во Пчиња и Вардар,порача денеска потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова,

Според неа се што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив.

Додава дека Инспекторатот за животна средина има огромна одговорност во овој случај и денеска мора да се бара одговорсност од сите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дванаесет години затвор за поранешен италијански директор поради уривање на мостот Моранди во Џенова кој однесе 43 човечки животи

Sasko Dimovski

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе