Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди центарот на Мјанмар. Епицентарот се наоѓал на 16 километри северо-западно од градот Сагаинг на длабочина од 10 километри.
„Проверував порака на мојот мобилен телефон. Бев во мојата фотелја и одеднаш се почна да се движи напред-назад. А потоа се превртев и ја удрив главата од маса“ изјави Дебора Панмачет, Американка која живее во Бангкок 28 години.
Педесет луѓе се наоѓале во зградата во близина на паркот Чатучак, кој е стотици милји оддалечен од епицентарот на земјотресот во Мјанмар. Седуммина избегаа, додека 43 други останаа заробени, соопшти Националниот институт за итна медицина во објава на Фејсбук. Новинската агенција АФП, исто така, објави дека 43 лица се водат како исчезнати, цитирајќи ја полицијата.
„Да. Значи, јас бев во оваа зграда веднаш зад мене. Тоа беше трговски центар и бев таму за да купам опрема за фотоапарати. И одеднаш целата зграда само почна да се движи. Веднаш се слушна врескање, имаше голема паника. Прво, почнав да одам мирно, но тогаш зградата навистина почна да се движи. Да многу викање, паника, луѓето трчаа долу“ изјави Фрејзер Мортон, турист.
Четириесет и тројца градежни работници се водат како исчезнати, откако незавршена висококатница се урна стотици милји подалеку во Бангкок. Има извештаи за уништени патишта во главниот град на Мјанмар Непидо, со силни потреси почувствувани на други места во Тајланд и во југозападна Кина.
„Ја чекав сметката и одеднаш почнав да чувствувам дека Земјата се тресе. Знаете, мојата прва мисла е дека можеби некој не го чувствува тоа, туку само јас, нешто не е во ред со мене, но сите гледаа наоколу. И ведаш сите излеговме надвор чувствувавме дека ќе потрае некое време“ рече Зузана Вари-Ковач, Унгарка која живее во Бангкок.
Уништен е и историскиот мост на реката Иравади, изграден пред 91 година видеата што се објавуваат покажуваат целосен колапс по земјотресот. Во главниот град Непидо, земјотресот ги оштети верските светилишта, делови од древните градби се на земја, оштетени се и домовите.
Мјанмар е во политички превирања откако воената хунта ја презеде власта со државен удар во 2021 година. Добивањето информации на терен е тешко, бидејќи државата ги контролира речиси сите локални радиа, телевизии, печатени и онлајн медиуми.
Tea Димковска
Mandalay Airport and the oldest bridge of Sagaing have fallen down.
🙏🏻
Hope not many injuries and everyone is safe.
Pray for Myanmar 😞🙏🏻 #earthquake #Myanmar #myanmarearthquake pic.twitter.com/tfGOm3K7AN— 𝙹𝚊𝚖 𝚁𝚊𝚌𝚑𝚊𝚝𝚊 แจม รชตะ 𝙼𝚢𝚊𝚗𝚖𝚊𝚛 𝙵𝙲 (@jamsShadows4) March 28, 2025
(видео)Повеќе од 40 работници затрупани – во земјотресот се урна недоизградена зграда во Бангкок