Вести Македонија Најважни

Стотици илјади евра за мерење на рејтинг и тендер за прес клипинг – Владата го испитува јавното мислење

Владата бара фирма која ќе направи софтвер за „прес клипинг“  односно софтвер што ќе ги собира објавените вести и ќе ги категоризира како позитивни, негативни или неутрални а во периодот кога беше прогласена седумдневна жалост склучила договор вреден околу 370 илјади евра со две компании за мерење на рејтингот кај граѓаните.

Во огласот објавен на бирото за јавни набавки за прес клипинг, не е наведена сумата односно буџетот кој Владата планира да го потроши за софтверот и стои дека ќе го користат триесетина државни институции и минстерства а треба да се собираат вестите по претходно договорени зборови или термини од телевизиите, печатени медиуми, он лајн медиумите односно порталите и социјалните мрежи.

Софтверот треба да генерира дневни извештаи кои најдоцна до 9 часот наутро наредниот ден мора да бидат доставени.

  • Услови во тендорот на Влада: Дневен извештај кој треба да содржи, листа на теми и клучни зборови, вкупен број на објави според вид на медиум, дата на објавата, име на медиумот, страница, наслов на објавата, автор на објавата, линк до оригиналната содржина, содржина во 3 до 4 реда, рубрика, времетраење на објавата.

Владата ќе добие и 24 часовен веб пристап до објавите со алатки за пребарување и обележување на клучни зборови во објавата но и со можност за оценување на медиумските објави во однос на позитивна, негативна и неутрална конотација.

Крајниот рок за пријавување на заинтересираните компании е 4 април.

Минатата среда, три дена по трагедијата во Кочани, пак Владата за сума од 22,8 милиони денари односно 371 илјади евра со Маркет Вижн и ИПСОС кои во наредните две години треба да го мерат рејтингот на Владата кај граѓаните. За оваа сума  компаниите се должни да изработат едно истражување на национален примерок, осум квартални истражувања кај граѓаните, осум квартални истражувања, односно мерење на рејтингот кај бизнис секторот на секои три месеци како и две брзи истражувања на рејтингот на национално ниво.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе