Вести Македонија Најважни

Советот на ЈО остана без кворум и го одложи мислењето за Коцевкси

Ден откако премиерот Мицкоски најави дека постапката за разрешување на Коцевски ќе сопре за да им дадат шанса на обвнителите да работат на предметот за трагедијата во Кочани, Советот на јавни обвинители остана без кворум  кога  тебаше да даде мислење за државниот обивнител.

Дека седницата се одлага на новинарите им соопшти генерланиот секретар, а потоа претседатлеката на советот Душица Димитриевска зад камерите дообјасни дека утрово дознала дека тројца членови нема да присуствуваат поради здравствени и семејни причини.

Тврдеше дека нема тактизирање ниту скриена позадина, туку случајно се соваднало да снемаат кворум токму кога требаше да дадат мислење за владиниот предлог за разршеување откако самата влада најави повлекување.

Освен новинари и невладините ги мониторираат седниците на советот. Од Колаицијата Сите за правично судење како проблематичен го оценуваат начинот на кој што постпауваше Советот на јавните обвинители денеска. Ако отсуството на членовите е најавено пред одржување на седницата тогаш требало да се констатира на седница и да се одложи ако е најавено од претходно да се објави на веб страната на советот дека ќе се одложи и од кои причини.

Законскиот рок да дадат мислење за владиниот прелдог за разршеување е до 3 ти април а Советот за сега не добил известување од Владата дека ќе биде стопирано разрешувањето на Коцевски.  Од Владата велат и со мислење од Советот постапката за разршеување ќе биде прекината.

Коцевски изминатиот период беше постојано на мета на критики од власта пред се од премиерот Мицкоски. За владата тој работел неефикасно, правел професионални грешки, го нарушил угледот на обвинителството. Но по трагедијата во Кочани, реториката на премиерот се промени па го пофали обвинителстото за соработката со МВР во истрагата. Токму тактиката топло ладно од власта,  дел од експертите ја оценија како уцена и порака до Коцевски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе