Вести Македонија Најважни

Приведен Ејуп Рустеми и уште три лица – апсења во врска со тендерот за обезбедување на патарините

Претпладнево е уапсен Ејуп Рустеми, поранешен директор на Јавното претпријатие „Државни патишта“, претпладнево, дознава Телма од извори од министерството за внатрешни работи (МВР).

Апсењето, според извори на Телма, е поврзано со тендерот за обезбедување на патарините. Покрај Рустеми, уапсени се и Ејуп Љатифи, заменик директор за оддржување на патишта, Дрилон Зибери, раководител на Одделение за наплата на патарини и контрола и Џемал Билбиловски, сопственик на агенцијата за обезбедување „2СС“.

Оваа недела се очекува приведување на најмалку 15 други лица. Станува збор за поранешни и сегашни службеници и раководители во повеќе институции како Јавното претпријатие „Државни патишта“, „Македонијапат“, Пазарна инспекција, како и во секторот рударство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Тајната служба го советува Вучиќ да не патува во Црна Гора: Се плашат од мафијаш кој јадел ќебапи од човечко месо

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе