Вести Македонија Најважни

Пуштале музика во денови на жалост – две одговорни лица во угостителски објекти лишени од слобода

Полициски службеници вчера лишиле од слобода две одговорни лица во угостителски објекти на подрачјето на Центар, затоа што пуштале музика и не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Лишени се од слобода Ф.А. (26) од скопско и В.В. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.

„Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ“, соопшти МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе