Жителите на Кочани и денеска излегоа на мирен собир, со надеж дека нивните пораки гласно ќе одекнат. Тага и тишина во градот кој престана да пулсира по страотниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Сограѓаните на 59-те прерано згаснати млади животи испишаа траорни пораки, со повици за одговорност за трагедијата што ја зави Македонија во црно. На транспарентите испишаа „Бараме правда“ „Каде да фатам врски за да си ги вратам другарите, „Или се селиме или живи гориме“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.